Чај од пченкарна свила – лек за многу болести

;aj od p;enkarna svila

Пченкарната  свила ги намалува мрснотиите во крвта, помага при болка во зглобовите, кај отечени нозе и кај ноќно мокрење. Таа е природен диуретик и ги исфрла сите отрови од организмот.

Припрема и употреба на пченкарната свила:

1. Пченкарната свила ставете ја на памучна кухинска крпа и исушете ја на воздух, не на сонце. Кога ќе излезе целата влага од свилата, ставете ја во хартиена кеса.

2. Кога сакате да направите чај, земете една рака од пченкарната  свила, ставете ја во чајник и прелијте ја со две шолји врела вода. Оставете да отстои десет минути, исцедете и пијте. За да имате подобар вкус, можете во чајот да ставите и малку лимон.

3. Доколку имате чести тегоби, припремете 25 гр чај од свилата  со литар вода и пијте го чајот наместо обична вода.

Advertisement