Архива по категорија: Вести

Feed Subscription

Нови 4.000 заболени од грип, вкупниот број достигна околу 15.000!

Нови 3.975 заболени од грип се регистрирани во Македонија од 10 до 16 февруари годинава, што е за 51,1 отсто повеќе од истиот период лани информираа  од Институтот за јавно здравје. Во меѓувреме, евидентирани се и два смртни случаја со лабораториски потврдена инфекција со вирусот инфлуенца А, со што вкупниот број на починати од грип во оваа сезона се искачи ... Повеќе »

Во маркетите ќе се продаваат 108 лека без рецепт!

Маркетите и бензинските станици до Министерството за здравство може да поднесуваат барања за дозволи за слободна продажба на лекови без рецепт, или познати како ОТЦ препарати. Правилникот за продажба на лекови по продавници, иако требаше да стапи во сила на 13 февруари, официјално профункционира вчера откако ресорното Министерство ја обелодени листата на ОТЦ препаратите.   Таа опфаќа 108 лекови или ... Повеќе »

Околу 300 лекари за само осум месеци ја напуштиле Македонија!

Двесте дваесет и осум лекари во последните осум месеци заминале во странство за повисока плата, а во државава речиси и да нема лекар кој бара работа во Агенцијата за вработување, велат од Здружението на приватни лекари, објави порталот Дума. Сопственици на приватни амбуланти мака мачат за да најдат и вработат лекари, соопштија од Здружението. Според претседателката д-р Лили Чолакова-Дервишова, последен ... Повеќе »

Италијански кардиохирурзи во посета на Македонија

Италијански кардиохирурзи од повеќе универзитетски клиники, деновиве престојуваат во Македонија каде со македонски колеги разменуваат искуства и ги разгледуваат можностите за соработка. – Заедничката цел е да се продолжи трендот на усовршување во кардиологијата во Македонија, за да се зголеми високиот углед на македонската кардиохирургија во овој дел на Европа, како и промоција на медицинскиот туризам, изјави правниот претставник на ... Повеќе »

Scroll To Top