Не можете да ги отстраните митесерите, а потрошивте многу пари на скапи препарати? Оваа маска, ако редовно ја користите ќе ви помогне во намерата, а за неа ви е потребно само едно јајце. 

Ако ја направите еднаш, никогаш нема да прекинете, бидејќи ефоктот е очигледен после првата употреба. Маската делува како лента за чистење на лицето, која ја применуваат во козметичките салони .

Потребно ви е …

  • 1 јајце
  • Салфетка

Начин на подготовка:

Ги двоите белката и жолчката, а потоа ги мешате(посебно). Го чистите лицето. Изматената белка ја нанесувате на лицето. Преку белката од јајцето ја ставате салфетката. Доколку ви останало од белката можете да ја нанесете и над салфетката. Почекајте 20-30 минути, додека се исуши јајцето.

Салфетката ќе стане тврда како корица. Нагло отсранете ја салфетката, а потоа измијте го лицето и веднаш намачкајте го со изматената жолчка за да омекне кожата на лицето. Почекајте 10 минути и повторно измијте се.

Маската не се препорачува за осетлива и сува кожа.

Сподели