Брз и ефикасен убиец на бактериите во желудникот

Бактериите во желудникот се честа болест во денешно време, а се лекуваат тешко и долготрајно. Многумина што го испробале, го препорачуваат овој народен лек како многу ефикасен:

СМОКВИ ВО МАСЛИНОВО МАСЛО
Во стаклена тегла наредете суви смокви а потоа прелијте ги со ладно цедено маслиново масло. Смоквите можете да ги исечкате на четири дела. Вака маринираните смокви треба да отстојат најмалку 40 дена.

Употреба:
Секое утро, на гладно, јадете по една смоква и по една лажичка од маслото. Покрај ова треба да внимавате на исхраната, да консумирате лесна храна а да одбегнувате масна, пржена и зачинета храна, сувомеснати производи и газирани сокови.

Да не се претерува со кафе, цигари и алкохол.

Advertisement