Брусницатa е природен антибиотик , бидејќи го спречува лепењето на бактериите на ѕидовите на мукозните мембрани во телото. Особено, таа е позната по тоа што го спречува враќањето на инфекциите на уринарниот тракт.

Познато е дека антибиотиците ги уништуваат бактериите кои се присутни во урината , но дел од бактериите се “кријат” во ѕидовите на мочниот меур и по прекинот на употребата на антибиотици, продолжуваат да се шират во текот на уринарниот тракт. Се користи за инфекции на уринарниот тракт и потврден е ефект против ешерихија коли и други патогени бактерии кои предизвикуваат инфекции на уринарниот тракт . Благодарение на присуството на биофлавоноиди , го спречува создавањето на болести на непцата, срцева и васкуларна болест , атеросклероза ( стеснување на крвните садови ), дијабетес . Поради пријатниот кисел вкус , се користи и како сок за освежување, посебно се препорачува за луѓе кои се изложени на стрес или имаат болест на крвните садови на срцето и крвните садови.

Како делува брусницата?

Брусницата содржи проантоцијанидини кој ги обиколуваат E. coli бактериите и спречуваат нивно ширење на ѕидот на мочниот меур и уринарниот тракт. Таа, исто така влијае на други патогени бактерии на уринарниот тракт ( Staphylococcus aureus, Klebsiella pneumoniae, Pseudomonas aeruginosa, Proteus mirabilis ).

Компонентите на брусницата исто така спречуваат лепење на Helicobacter pylori на желудочната слузница. H. pylori е предизвикувач на чирови. Брусница содржи моќни антиоксиданси , заштита на клетките на телото од тоа да биде оштетено. Исто така постојат и студии за влијанието на брусницата во спречувањето на клетките на рак и нивно ширење во телото, рак на дојка и рак на дебелото црево .

Како се внесува брусницата?

Се користи плодот ( свеж или сув ), како чај, сок, сируп, концентрат или капсула. Заради високите количини на витамин Ц , брусницата има киселкаст вкус. Течна брусница се користи во зависност од концентрацијата , од неколку лажички, до неколку децилитри на ден (како сок). Таа исто така може да се користи превентивно кај луѓето кои се склони кон уринарни инфекции .

loading...
Сподели