Брокулата, крал на витамините


Брокулата е зеленчук, кој може да се јаде на различни начини и кој му дава сила и енергија на организмот во текот на целиот ден. Таа има подискретен вкус од другите видови зелки на кои им припаѓа. Во споредба со карфиолот, брокулата има нешто посилен вкус. Во исхраната се користи на различни начини, сурова, варена или само како зачин. Интересно е тоа што варената брокула е похранлива отколку свежата.

Освен изобилство од растителни влакна, брокулата е право богатство на витамини, посебно А и Ц, а се потврдува присуството и на минерали, калиум, калциум и магнезиум.Таа содржи јаглехидрати, фолна киселина и фосфор. Бидејќи содржи малку калории, а многу корисни состојки, таа се препорачува во диеталната исхрана, но исто така е поволна и во исхраната на бремените жени.

Свежата брокула може да се чува и до една недела во отворен пластичен сад во фрижидер. Пред да се стави во фрижидер не треба да се мие, бидејќи водата влијае брокулата да ја изгуби свежината и квалитетот. Кратко време се готви, а најздрава и највкусна е кога ќе се посипе со масло, сусам, маслиново масло и сок од лимон.

Scroll To Top