Бозелот е разгранета грмушка или дрво високо до 10 метри. Гранките се со мека , белузлава срцевина. Кората на младите гранки е сива и мазна, а на старите е сиво-кафеава. Бозелот бил познат уште од најстари времиња како лековито средство за лечење на многу заболувања. Во многу европски земји е официјално лековито растение во нивните фармакопеи (Полска, Австрија, Германија, Романија, Чешка ).

Тој се користи како силно антивирусно растение,преставува силен дијафоретик или средство за предизвикување на потење, ја намалува телесната температура,  делува противвоспалително, го зголемува мокрењето и се користи како средство за слабеење. Преставува силен лек за лекување на болести кои се јавуваат на респираторниот систем и тоа: грип, настинка, бронхитис, пневмонија, а ги
ублажува и симптомите кај пациенти болни од туберкулоза.

Помага и при воспаление на усната шуплина, а во форма на инхалации се користи при воспалени синуси. Исто така се употребува како диуретик и средство за зголемено мокрење, при заболување на бубрезите и мочниот меур, елиминира песок, а го намалува и крвниот притисок. Се употребува и против отоци на нозете. Плодовите се ефикасни за подобрување на перисталтиката на цревата и се користат против запек. Тој може да се користи локално во форма на облози или лекови во форма на масти и лосиони за лекување на кожни болести. Се користи и во исхраната. Народот од цветот прави многу вкусен пијалок, а од свежите, зрели плодови се приготвува мармалад, кој се дава на болни кои немаат редовна столица.

Бозелот се користи во дневни дози од 10 – 15гр, на ден што е еквивалентно на 4 супени лажици. Најдобриот лек од бозел е чајот . Се става една супена лажица чај и се прелева со чаша врела вода, треба да кисне 10 мин и се пие засладен со мед . Секогаш се спрема свеж  и се пие 4 пати на ден по една чаша. Во домашни услови се прави од него и сок, течни екстрати, како и лекови од мед. Несакани дејства нема, преставува безбеден чај, и  гласините дека предизвикува стерилитет кај машките деца се неточни и научно е докажано дека бозелот нема такво дејство.

Сподели