Боранија – малку калории, многу здравје

Боранијата честопати се наоѓа на менито кај скоро сите луѓе. Таа е идеална за здравата исхрана, бидејќи  е богата со хранливи материи, а има многу малку калории. Иако може да се јаде на различни начини, тајната на уживање во нејзиниот вкус е во соодветната подготовка. Боранијата е многу хранлив и здрав зеленчук. Спаѓа во групата на мешункаст зеленчук. По потекло е од Мексико. За народите на старите цивилизации, покрај пченката и тиквата, боранијата била главна храна.

Постојат многу врсти на боранија, а некои од попознатите се: тибер, нерина, лоди, фруидор, шумадинка, унидор, кинеска боранија, италијанска боранија..Постои поделба на ниски и високи сорти. Ниските сорти повеќе се одгледуваат бидејќи се поефтини за одгледување, а даваат повисоки приноси.

По боја боранијата може да биде зелена, бледожолта, жолта или шарена. По должина – долга, средна или кратка, а по форма – шилеста, тркалезна или широка. Свежата боранија на пазар е достапна од пролет до есен, а замрзната, сушена и конзервирана може да се најде во продавниците во текот на целата година. Таа е еден од неколкуте видови на мешункасти растенија што може да се консумира свежо. Таа е многу вкусна и може да се јаде на различни начини – како гарнир, како дел од мешана салата со друг вид на  зеленчук.

Боранијата содржи разни хранливи корисни и лековити состојки: aргинин, бакар, протеини, јагленохидрати, растителни масти, растителни влакна – целулоза, Б витамини, витамини Ц, Е, К, ПП, железо, инозитоли, калиум, калциум, кобалт, магнезиум, манган, минерални соли, натриум, никел, сапонини, селен, фолна киселина, флуор, фосфор, цинк…

Advertisement