Болката во нозете може да значи животна опасност. Проверете!

Повеќето од луѓето мислат дека, само болката во градите единствено може да биде опасна по животот. Но, и болката во нозете, иако не е силна и не изгледа страшно, исто така, може да биде опасна за животот на луѓето.

Ве мачат ли грчеви во мускулите, додека се движите, кои се засилуваат, ако забрзате со одењето? Болката не поминува се додека не седнете, а никогаш не се појавува ако мирувате. Не игнорирајте ја, иако не е силна и наликува на боцкање со иглички.

Блокада на крвните жили Грчевите во нозете можат да бидат јасен знак за васкуларни болести, воспаление и слабости во вените и артериите, кои предизвикуваат насобирање на масните наслаги внатре во крвните жили. Болката во нозете може да биде знак дека артериите и вените се блокирани или ослабени.

Ако проблемот се занемарува, може да дојде до опасност по животот, срцев или мозочен удар, како и аневризма ( артеријата станува слаба и отечена и може да пукне). Во некои случаи, болеста на артериите може да доведе до гангрена или ампутација.

Меѓу првите симптоми може да се појави болка при одењето, најчесто во мускулите, но може и во бутовите или задникот. Одењето по угорница или носењето товар може само да ја влоши состојбата. Ако се одмарате, болката ќе ја снема за неколку минути.

Ако болката се појавува само што ќе почнете да одите, тогаш тоа е блокада и слабост на крвните жили во нозете. Болката настанува бидејќи ножните мускули не добиваат доволно крв.

Што побрзо се јавите на лекар и го проверите пулсот и притисокот во рацете и нозете, штетата ќе биде помала. Прегледот може да ви го спаси животот. Кај многу пациенти, посебно подебелите, едноставни вежби го намалуваат проблемот, бидејќи ја потикнуваат циркулацијата.