Температурните разлики, најавите за промена на времето и климатските промени постојано создаваат здравствени проблеми кај граѓаните, а особено на свој грб тоа го чуствуваат пациентите кои имаат проблеми со коските.

„Ме вртат коските“ е една од најчестите реченици, која е позната меѓу народот во период кога надвор се менува времето, врне дожд или опаѓаат температурите. Уште поалармантно е тоа што со болести на коските се соочуваат и младите генерации, чија граница постојано се намалува, па ги зафаќа и тие од 17 до 35 години.

Сколиоза, дискусхернија,  артрит и остеопороза се сметаат за едни од најчестите заболувања,  кои предизвикуваат промени на коските, а со тоа доведуваат и до сериозни функционални пореметувања.

Едно од најсериозните заболувања на коските е остеопорозата, која е позната и како „тивка епидемија“, а чија основна карактеристика е намалување на коскената маса по единица волумен и структурни нарушувања во самото коскено ткиво. Тоа истотака доведува и до постепено намалување на еластичноста на коските и до појава на скршеници, посебно во пределот на бутот и зглобовите. Овие скршеници се јавуваат и при мал физички напор или повреда. Една од секои две жени на возраст над 50 години има скршеница поврзана со остеопороза.

Ова коскено заболување најчесто се јавува  кај жените после 50-тата година од животот, кога природно опаѓа лачењето на естрогенот. Други причини за остеопороза се хиперактивна штитна жлезда, дијабетис, користење на кортикостероиди или хепарин, пушење, заболување на бубрезите и црниот дроб, Кронова болест и реуматски артритис.

Уште пострашно е тоа што остеопорозата нема симптоми, се додека не се случи некој прелом, обично на зглобната чашка, карлицата или кичмата. Затоа според лекарите треба строго да се води сметка за исхраната и секогаш да се внесуваат потребните витамини и минерали уште од 30-та година на животот, како  и да се практикува вежбање, како секојдневни прошетки, планинарење, трчање, скијање или спортови со топка.

loading...
Сподели