hipertenzijaВисок крвен притисок или хипертензијата е најчестата кардиоваскуларна болест . Бидејќи болеста обично нема симптоми, многумина од вас, не знаат дека имаат хипертензија, се додека не отидат на лекар, па тоа по некои испитувања да се открие.

Таа е главна причина за мозочен удар и е една од главните причини за миокарден инфаркт. Во прилог на загрозување на ѕидовите на крвните садови, исто така  делува штетно за бубрезите, очите и мозокот. Нормалните вредности на крвниот притисок се од  120/80 до 140/ 90.  Луѓето кои често имаат притисок повисок од 140 /90, тогаш треба да се почне со терапија за лекување на болеста.

Хипертензијата уште се нарекува ” Тивок убиец “, затоа што многу луѓе не сфаќаат дека ja имаат оваа болест,  бидејќи дури и да предизвика големи оштетувања на органите, симптомите се речиси незабележани или непостоечки. Луѓето кај  кои ќе се развие дијастолен притисок, повисок од 130 и систолен, повисок од 200 се сметаат за болни од малигна хипертензија, кој брзо предизвикува оштетување на виталните органи и тоа се итни случаи. За среќа, притисокот може да биде успешно контролиран, и сето тоа започнува со спроведување на редовни контроли .

Третман:

Дијагнозата за висок крвен притисок ја дава лекар по спроведените тестови. Првото нешто, што треба да го направат луѓето со хипертензија е промена во начинот на живот, а ако тоа не успее, тогаш се лекуваат со лекови. Промените во животниот стил можат да влијаат на намалување на крвниот притисок и развојот на компликации. Под итно, треба да се ослободите од лошите навики, како што се пушењето и алкохолот. Потребно е подолго време да се движите, вежбате и да ја одржувате тежината. Покрај тоа, доволно е да се избегне стресот. Што се однесува до храната, потребно е да се намали внесувањето на сол и животински масти и да јадете храна богата со калиум , калциум, магнезиум и омега- 3 масни киселини.

loading...
Сподели