Урината може да има најразлична боја и токму таа боја зборува многу за здравствената состојба на вашето тело.

Следи попис на различните бои на урина и што тоа значи:

Без боја, речиси прозирно – вие пиете многу течности, би било добро да намалите.

Боја на светла слама – нормални сте, здрави и добро хидратирани.

Прозирно жолта – се е во ред.

Темно жолта – нормално. Сепак, пијте повеќе вода.

Боја како мед – на вашето тело итно му е потребна вода. Веднаш испијте чаша до две.

Боја на потемен килибар – можеби имате проблеми со црниот дроб или се работи за сериозна дехидратација. Пијте по 2 литри вода дневно, а ако бојата не се подобри, одете на лекар.

Розова до црвенкаста – дали сте јаделе цвекло или боровинки наскоро? Ако не, можеби имате крв во урината. Можеби не е ништо алармантно, но веројатно се работи за проблем со бубрезите. Одете на лекар.

Портокалова – можеби не пиете доволно вода или имате проблем со црниот дроб или жолчката.

Зелена или сина нијанса во урината – постои ретка генетска болест која ја прави урината зелена или сина. Исто така некои бактерии можат да бидат причина за ваква обоеност. Можеби пак се работи за некој лек. Како и да е, ако бојата се задржи подолго, посетете лекар.

Пенаста мокрача – ако се јавува повремено, се работи за безопасна појава, но може да значи дека јадете премногу протеини или имате проблеми со бубрезите. Посетете лекар ако ова трае континуирано и подолго време.

loading...
Сподели