Јазикот е најсилен орган во човечкото тело кој ја припремува храната за џвакање. За него во кинеската медицина велат дека е „ здравствен картон“, бидејќи на него е испишана состојбата на нашиот организам.

1. Нормален јазик – има убава розова боја, со јасен слој кој покажува правилно лачење на жлездите.

2. Тенок, бел површински слој, има црвени точки – овој јазик кажува дека  има недостаток на витална енергија во телото, која предизвикува умор, лош апетит и претерано потење. Сево ова се манифестира и на расположението, па таквите особи се многу нервозни и имаат големи грижи.

3. Тенок, жолт слој на средината, заокружен со црвен остаток од јазикот – таков јазик покажува дека имате проблеми со запек, дехидрирани сте и имате кожни проблеми. Сето тоа се манифестира на расположението, па сите тие особи со таков јазик имаат променливо расположение.

4. Масен бел слој, отечени рабови на јазикот – овој изглед на јазикот упатува на неуравнотежена работа на пробавниот состав и склоност кон собирање на вода во организмот. Особи со ваква состојба се осеќаат малаксано и безволно.

5. Црни точки на лила јазик – упатува на застој на крвта во некои делови на телото, која може да предизвика проблеми со вените, тешки нозе, главоболки и кожа без сјај.

6. Тенок бел слој и црвен врв на јазикот – оваа состојба на јазикот покажува дека организмот е изложен на стрес, кој предизвикува нестабилна емоционална состојба. Енергијата во телото се собира во чворови, кои предизвикуваат воспалителни процеси.

7. Црвен јазик со жолти дебели наслаги по средината на јазикот – покажува на висока температура во телото, која укажува на инфекции на мокрачните патишта и проблеми со кожата чија површина е леплива. Особи кои ги имаат овие проблеми, често се лутат и не се осеќаат удобно во своето тело.

8. Густ бел слој на средината на јазикот и блед и отечен јазик – изглед кој упатува на инфекции или на воспалување од некоја аутоимуна болест, недостаток на витамини и минерали. Таквите особи се со блед тен, имаат болка во кичмата и чувство кој често се граничи со паника.

9. Пукнатини на црвената површина на јазикот – упатува на габични инфекции кои ги прати ноќно потење, несоница и иритација.

10. Јазикот чија површина е бледа и без наслаги покажува намален проток на крвта во телото, анемија која може да предизвика вртоглавица, замор, а особи со овие недостатоци страдаат од недостаток на концентрација и меморија.

loading...
Сподели