Не постои сомнеж, дека близнаците се многу силно поврзани меѓусебно. Не може да се каже дека е исто да се чува едно дете и да се чуваат две деца, кои скоро исто размислуваат, истовремено се смеат, но и плачат. Постојат и такви, од кои секое бебе си има свој карактер. Затоа еден од најважните совети ако имате близнаци е да ги третирате како поединци – затоа што секој од нив има свој карактер. Никогаш не треба да се облекуваат идентично, иако тоа понекогаш изгледа многу симпатично. Но, сепак, тоа нема да им помогне да се развијат како личности.

bliznaci 10

Факт е дека, да имате едно бебе е премногу напорно, па можете да замислите колку е тешко за некој со никакво искуство, да одгледува близнаци. Кога се раѓаат, родителите најмногу помош добиваат од нивните најблиски, за тиа да можат барем час – два да одморат.  Ако мајките сакаат повеќе да се информираат за одгледувањето и воспитувањето на двете бебиња, треба да читаат форуми и блогови. Таму сигурно има многу родители, кои со задоволство ќе ги споделат нивните искуства со вас. Исто така, секогаш треба да се трудите да поминувате одделно време со секое од децата, затоа што секое има максимална потреба од мајката.

Близнаците најмногу го привлекуваат вниманието на родителите и роднините , додека другите браќа и сестри се чувствуваат запоставени. Затоа подеднакво треба да им се посветува внимание на сите деца.