Билка која ќе ви помогне да се опуштите

lovorov list 10

Тензија, нервоза, стрес, напетост..…. Постои билка која ќе ви помогне да се опуштите за кратко време. Тоа е лорберот или кај нас попознат како ловор.

Ловоровиот лист е зимзелена грмушка или ниско дрво со кожести листови. Кај него листовите се на кратка дршка, кружно-долгнавести и зашилени, така што листот на лицето е вечно зелен и сјаен, а на опачината е поблед и несјаен.

Ловоровиот лист има вкус, кој  е многу ароматичен, малку луткаст со опор и горчлив вкус. Кога неговите лисја се тријат, обично се чуствува ароматичен мирис. Тој содржи 1- 3 отсто етерско масло, горски материи и танини.

Листовите од лорбер, главно се користат како зачин. Во народната медицина, ловоровиот лист се употребува и како мирис, но и за масла и мелеми. Тој најчесто дејствува како спазмолитик и го подобрува варењето на храната, а се употребува и кај метеоризам и хипертонија. Ловоровиот лист многу често се користи и против грип и хроничен бронхитис.

Но денеска рековме дека ќе ви напишаме, како помага при тензија, нервоза, стрес, напетост. Се што треба да направите, е да земете еден исушен лист ловор, да го ставите во пепелара, да го запалите и да излезете од собата.

После десет минути ловоровиот лист ќе изгори, а просторијата ќе биде полна со миризлив дим, кој прави посебна атмосфера. Ловорот со согорувањето ослободува специфична материја, која ни помага да го ублажиме уморот и стресот. Бавно вдишувајте и ќе видите како ќе се опуштите.

 

 

 

Scroll To Top