Мајка на две деца од Масачусетс била во животна опасност откако ѝ беше дијагностициран синдром на токсичен шок предизвикан од мало парче стар тампон кој останал во нејзиното тело.

Аманда Стенли (37) е мајка на две деца и употребувала тампони околу една недела. На почетокот на овој месец се разбудила со симптоми слични на грип, поради што одлучила да посети доктор.

Два дена подоцна, Аманда ја дознала причината поради која се чувствувала толку лошо.

“Кога се погледнав во тоалетот на раката имав хартија, забележав дека има нешто. Сфатив дека станува збор за дел од газа и дека е всушност од тампон”, вели таа.

Погледнала нов тампон и сфатила дека во раката ја држи поставата која се наоѓа околу тампонот, пренесува Дејли Меил.

Откако делот од тампонот им го покажала на докторите на Аманда ѝ бил дијагностициран синдром на токсичен шок – состојба која е предизвикана од бактериите кои влегуваат во телото и ослободуваат штетни токсини, кои можат да бидат фатални.

Аманда едно утро се разбудила и не можела да стане од кревет, била ладна и имала симптоми на грип.

Закажала термин кај гинеколог, но не била во состојба да вози, па ја повикала мајка си. Додека да стигне до ординацијата, добила висока температура од 40 степени.
Таа завршила во болница сè додека да дознаат докторите што се случувало со неа. Ѝ рекле дека има бактерија и дека не го знаат потеклото на бактеријата.

Два дена подоцна, Аманда го пронајде тампонот, па докторите сфатиле од што боледува.

“Имав среќа, бидејќи ако го направев тоа после 12 часа веројатно не би преживеала. Докторите веднаш ми дадоа терапија за да спречат ширење на инфекцијата”, вели таа.

Извор: Tocka.com.mk

loading...
Сподели