Кортни Мина, плус-сајз модел и сопственичка на блогот “Glitter time” често пишува за своите проблеми со кои што се соочуваат корпулентните жени.

A овојпат со уште една провокативна фотографија ја разбранува интернет мрежата и започна нова дискусија.

”Отсекогаш имав големи бутини. Кога влегов во пубертет, забележав дека моите нозе започнаа да се развиваат без контрола. Но тука не мислам само на бутините. Цел живот бев плус-сајз, а моите пропорции отсекогаш беа прилично големи. Сепак, што и да правев не успевав да го намалам обемот на моите нозе.

Полничките девојки се научени дека треба да се срамат и да го мразат своето тело.

Кога дојдов во средно училиште, започнав да патам од пореметувања во исхраната. После будењето го прескокнував појдокот, потоа одев на училиште, ручекот вообичаено се состоеше од диетален сок со домашен диетален мафин, а потоа и пешки се враќав до домот а за вечера јадев исклучително малку.

Успеав од големина 50 да дојдам до големина 42, но ослабев само на лицето, градите, стомакот и грбот. Моите нозе останаа потполно исти.

После година дена мината срамејќи се самата од себе си, одлучив просто да се прифатам таква каква што сум. А тоа не можев да го направам сè додека неодамна не ја открив вистинската причина поради која имам толку големи нозе.

Имам липедема.

Тоа е хронично пореметување кое генерално влијае на екстремитетите, предизвикувајќи на нозете, а понекогаш и на рацете, да се таложи масно ткиво.

Липедамата е наследна болест која главно ги погодува жените. Најчесто се јавува во пубертетот. А масното ткиво кое што се таложи не е нешто што може да се изгуби со диета или вежбање. Така што, ако веќе се соочувате со нешто вакво, на некој начин, “заглавени сте”.

Освен ако не одите на операција, која што може само да го намали, а не и во потполност да го отстрани масното ткиво.Кога сте плус-сајз девојка, некако е вообичаено да имате голем стомак и задник.

Поголемиот дел од плус-сајз жените го имаат или едното, или другото, или и двете. Но немаат големи нозе, листови и раце, истовремено. Свесна за тоа, одлучив да направам мал експеримент.

Љубопитна за да откријам како луѓето реагираат на плус-сајз жените кои што ги покажуваат своите бутини, објавив фотографија на својот Instagram профил. Но исто така ја објаснив и својата здравствена состојба.

Следеа и различни коментари.

А коментарите можат да се поделат во пет групи:

1. Нормални – Со нив се соочуваат сите плус-сајз личности. Тоа се оние луѓе кои што оставаат коментари како “одвратно”, “оди во теретана” или “изгледаш како кит”.

2. Загрижени – Тие се во уште поголем број од овие првите. Тоа се оние кои што оставаат коментари како на пример “преубава си, но твојата тежина не е здрава”, или се “ѝ се воодушевувам на твојата самодоверба, но навистина би требало да започнеш некаква диета и да ослабеш”.

3. Неупатени – Тие ме засмејуваат. Тоа се луѓе кои што тврдат дека сама сум ја предизвикала својата состојба и дека сепак и понатаму можам да ослабам.

4. Плус-сајз полиција – Тоа се оние луѓе кои што всушност тврдат дека немам пореметување, туку дека сум го измислила самата, за да го оправдам фактот дека сум “дебела”.

5. Обожаватели – Има и многу такви кои што ми говорат дека сум преубава таква каква што сум и ми пружаат поддршка за сето она што го правам.”

Познатата плус-сајз блогерка уште еднаш ја тестираше јавноста со разголени фотографии. Како би реагирале вие?

А еве го и нејзиниот заклучок:

“Секогаш ќе има безобразни и злобни луѓе на интернет мрежата. Стравот од гојазност и дебели луѓе е и понатаму длабоко вкоренет во општеството и луѓето се уште, користејќи го тој концепт и “грижата за здравјетo”, се трудат да нè посрамотат.

Твоето здравје и твоето тело е твој проблем. Имаш право да го сакаш такво какво што е, да се чувствуваш преубаво и да ја покажеш својата самодоверба. Без оглед на сите негативни коментари.”