povreda na decataСекоја година е се поголем бројот на деца, помали од пет години, кои доаѓаат на клиника или во ургентниот центар, поради повреди во домашни услови, а најчестите причини за повредите се падовите. Голем е бројот на деца, кои претрпуваат и други видови незгоди, од скршено прсте и изгореници, до труење со хемикалии и ставање на предмети во носот, па дури и нивно голтање.

Искуствата покажуваат дека повредите од паѓање (особено низ скалилата) како и изгореници од врела вода, преставуваат двата најчести типа на незгоди. Поради таквите незгоди, илјадници деца секоја година завршуваат на лекување во болница.

Секако, не е можно потполно спречување на повредите, ниту пак е можно да се предвиди секоја потенцијално опасна ситуација. Децата на возраст до 5 години сеуште немаат доволно искуство и способност да ги забележат потенцијалните опасности. Нивното внимание е најчесто насочено кон игрите и истражување низ домот.

Токму затоа , обврска на родителите е внимателно да ги согледаат можните опасности во домот и да превземат одредени мерки на безбедност, кои значително ќе го намалат ризикот од повреди на децата.