Без болни операции и опсани ласери: Ослободете се од капиларите и попуштените вени на природен начин

Појавата на испукани капилари предизвикува болка и замор на нозете а честопати болните не можат ниту да стојат. Тие може да се појават еден период, да предизвикаат црвенило, потоа да ги снема, па да се јават повторно…

Испуканите капилари најчесто се јавуваат на нозете и тоа од надворешната страна над колената, а чешањето без причина може да биде симптом за нивното ширење. Едно е само сигурно, испуканите капилари како проблем даваат силен удар на вашата самодоверба.

Кои се причините?

Причините за појава на испукани капилари можат да бидат вродени или пак стекнати. Стекнати капилари се артериски и венски со линеарен, мрежест ѕвездест облик. Причина за нивна појава се генетска особина, естрогени хормони, бременост, долготрајна изложеност на сонце и солариуми, топли депилации, чести сауни, физиолошко стареење, срцеви и заболување на црниот дроб, локална употреба на хормони, црвенила од акни, стрии, долго стоење и слично.

Испуканите капилари на нозе се честа појава кај жените и тоа на возраст помеѓу 18 и 35 години, или помеѓу 50-60 години.

Како да го надминете овој проблем?

Рецепт за маст од невен
Потребни состојки: 3 дланки невенов цвет, 20 декаграми билна маст, 10 декаграми восок, 10 декаграми говедски лој.

Начин на подготовка:  Во лонец полн со вода додајте ги сите наведени состојки, затворете го и варете го 8 часа на најслаб оган, потоа оставете го да отстои една ноќ. Вториот ден лонецот ставете го и поварете го 20 минути и пак да отстои преку ноќ и постапката повторете ја и третиот ден.

После третиот ден состојката процедете ја низ газа и на сместа, додадете лажица мед и 20 грама аптекарски вазелин, а потоа кремата ставете ја во стаклен сад и чувајте ја во фрижидер.  Нормално, ако е проблем да ја направите тогаш купете си невенова крема за рани од аптека.

Некои луѓе кои го имале овој проблем го препорачуваат и таканаречениот коњски балсам, кој можете да го најдете по нашите аптеки.

Advertisement