Бебињата не треба да спијат во исти кревет со родителите. Опасно е?

Честопати се случува бебињата, откако ќе се родат да спијат меѓу родителите, се додека не дојде време да се „преселат“ и  да спијат во своја соба, која обично е направена, како да се во светот на бајките. Шведските истражувачи тврдат дека најдобро е новороденчињата да спијат одделно, во посебни соби и никогаш да не спијат во креветот на своите родители.

Овој нов совет за младите родители е објавен во медицинското списание ” Дагенс медицина”, каде за тоа пишувал професорот по педијатрија, Џерман Венерген. Тој тврди дека, последните истражувања покажале дека постои ризик од ненадејна смрт кај бебињата, кога спијат во ист кревет со родителите.

Сепак, оваа практика доста е застапена во Шведска. Една студија од 2001 година покажала дека 65 проценти од бебињата спијат во ист кревет со родителите. Други истражувања, направени во 2012 година, покажале дека 29 проценти од родителите во Шведска имале секс, додека бебето спие до нив. Британскиот медицински весник објави студија, во која биле вклучени 1500 ненадејните смртни случаи кај доенчиња, која покажала,  дека 22 отсто од овие смртни случаи се случиле во креветот на родителите. Во земји како САД или Франција, обично се препорачува, бебето да спие во истата соба со родителите, но не и во нивниот кревет .

Scroll To Top