Бебињата лажно плачат, за да го привлечат вниманието на мајките!

bebinja (1)Иако мали и се смета дека се уште ништо не разбираат, сепак новороденчињата се многу понапредни од тоа што се очекува од нивната возраст. Бебињата  на возраст од само седум месеци, го користат лажното плачење, за да добијат внимание. Јапонските научниците ги набљудувале шаблоните од плачењето на две девојчиња од седум и девет месеци во периодот од шест месеци.

Д-р Хироко Накајама од Универзитетот Сакред Хеард во Токио, изјави дека малите бебиња користеле лажно плачење за да го добијат вниманието на мајката. Таа смета дека лажното плачење е корисна форма на комуникација, која во голема мера придонесува не само за социјален туку и емотивен развој на детето. Според неа, децата кои се во состојба да лажираат плачење, можат секојдневно успешно да комуницираат со лицата кои за нив се грижат, а лажното плачење може да придонесе за нивната врска.

Во текот на набљудувањето на двете девојчиња, помалото девојче намерно почнувало да плаче кога мајката ќе се оддалечела, а  по нејзиното доаѓање тоа престанувало да плаче. Лажното плачење, во споредба со вистинското плачење, полесно можело да се детектира, затоа што детето веднаш по престанувањето и се смеело.

Advertisement