bebeto ne go spasuva brakotДетето не е играчка, која ќе ве забавува кога ви е здодевно или кога сте осамени, а ниту пак средство за решавање на вашите брачни проблеми. Зрелоста на личноста, најмногу се изразува со одлуката да станете родител.

Поради тоа што вашите пријателки се во брак и имаат деца, не значи дека и вие треба да забремените со првиот маж кој ќе го сретнете , за само да станете мајка. За да бидете мајка, прво и основно правило е да бидете здрава и да се чуствувате, дали сте способни да се соочите со оваа голема одговорност.

Сите бракови не се среќни, па многу жени и покрај партнерот и заедничкиот живот се чуствуваат осамени. Голема грешка е доколку тој проблем сакате да го решите со раѓање на дете. Ако вие сте несреќни во бракот, треба да се запрашате, дали датето ќе биде среќно со таква мајка и татко? Наместо да размислувате за детето, како за средство што ќе ги реши вашите брачни проблеми, обидете се да го решите прво брачниот проблем со партнерот.

Вашите родители имаат право да бараат да ги почитувате нивните правила додека сте под ист покрив, но немаат право да ве притискаат да родите, само за да им ја исполните желбата. Внуците се најмили за бабите и дедовците, но, сепак не треба да се мешаат во вашата одлука.

Многу жени се одлучуваат да родат бебе, за да го задржат партнерот покрај себе. Тоа не смее да го дозволите, бидејќи детето не треба да ви биде средство, за да добиете љубов или бурма на прстот.

Сподели