Сакате да се подмладите и да бидете полни со енергија? Да го зајакнете имунитетот и да го подобрите здравјето? Одговорот лежи во дрвото Африкански баобаб (латински Адансонија), кое во Африка е познато како “Дрвото на животот”. Речиси сите негови делови се користат за храна или за медицински цели. Исто така се нарекува “ротирачко дрво”, бидејќи круната изгледа како корен.

Некои дрвја од баобаб се постари од илјада години и можат да содржат околу 10.000 литри вода во себе. Тоа им помага да ја преживеат долгата суша. Локалните жители освен како лек и храна, го користат како извор на вода и засолниште.

Одлична нутритивна “бомба”

Плодот на баобаб е вистинска хранлива бомба која изобилува со витамини, минерали и есенцијални киселини.Содржи дури шест пати повеќе витамин Ц отколку портокалот.

Во баобаб плодот e детектиранo двојно поголема доза на калциум отколку во млекото.Тој е богат е со многу антиоксиданти и содржи многу повеќе железо од било кој друг плод.

Затоа, ако размислувате за дополнување на исхраната со хранливи материи, баобаб е вистинското решение за вас.

Го контролира шеќерот и го стимулира варењето

Повеќето студии покажаа дека додавањето на баобаб прав во храна или пијалок има позитивен ефект врз контролата на шеќерот во крвта.

Растворливите влакна со кои изобилува овој плод го подобрува варењето и дадва подолго чувство на ситост и го спречува таложењето на масни наслаги.

Калциумот го поддржува правилното функционирање на дигестивните ензими и го поттикнува правилното варење на храната.

Додајте една кафена лажичка баобаб во прав на вашите омилени чаеви, маринади и разни сосови.

Го намалува холестеролот, крвниот притисок и помага со проширени вени

Благодарение на изобилството на пектин, баобаб ги намалува нивоата на опасен холестерол и други масти во крвта.

Поради својата висока содржина на калиум, овој плод е корисен при регулирање на притисокот.

Баобаб плодот помага во градење здрави крвни садови и ја подобрува циркулацијата.

Го смирува хроничното воспаление кое може да доведе до кардиоваскуларни заболувања на овој мозочен удар или срцев удар.

За оваа цел, земајте по една кафена лажичка баобаб во прав дневно.

Додајте го во храната што ја консумирате.

Го зајакнува имунитетот и го отстранува заморот

Последиците од брзиот животен стил се стрес, пад на имунитет и слабост. Поради своите лековити состојки, баобаб е фантастично овошје за спречување и отстранување на овие проблеми. Делува стимулирачки на телото со тоа што го ублажува заморот. Помага да се задржи концентрацијата и будноста. Исто така ефикасно го подигнува имунитетот.

Ако сакате да ја надоместите изгубената енергија, растворете 1 лажичка прав од баобаб во една чаша вода. Или може да се додаде на снегулки за време на појадокот.

Помага против депресија

Се повеќе и повеќе истражувања укажуваат на врската меѓу депресијата и анксиозноста со недостиг на антиоксиданси и витамини А, Ц и Д во човечкото тело.

Баобаб е богат со овие состојки и успешно помага при отстранување депресија и придонесува за подобрување на целокупното ментално здравје.

Една лажичка баобаб во прав, додадете во јогурт или овошни пијалаци.

Лековити својства на баобаб

  • Природно го покренува имунитетот;
  • Го контролира нивото на шеќер во крвта;
  • Го стимулира варењето;
  • Ја враќа енергија;
  • Го отстранува стресот;
  • Помага во губење на тежината;
  • Го чисти организмот од токсини;
  • Ја регулира работата на хормоните;
  • Го алкализира телото;
  • Ја обновува кожата, косата и ноктите.
loading...
Сподели