Новите правила на ЕУ за безбедност на децата го забрануваат користењето на многубројни детски играчки. Меѓу другите, тука спаѓаат балоните за дување, како и омилените свирчиња што се одмотуваат во форма на долг хартиен јазик. За сите деца, помлади од осум години, самостојното свирење или дување балони нема да биде дозволено. Децата под осумгодишна возраст не смеат да дуваат балони без да бидат под надзор на возрасно лице, бидејќи тие би можеле да ги голтнат и да се задушат.

baloni

Забавните игри со магнети ќе станат минато бидејќи се забрануваат поради ситните делови и ризичните хемикалии, кои се користат во нивното изработување. И свирчињата што се одмотуваат се на списокот забранети играчки за деца поради истата причина како и балоните.

Директивите на ЕУ истакнуваат дека производителите и продавачите на играчки мора да стават предупредување за тоа колку и за кого е безбедни. На латекс – балоните треба да се стави предупредување дека децата не смеат да ги дуваат без присуство на возрасно лице. Освен тоа, пукнатите балони мора да се отстранат, стои во упатствата на ЕУ.

Новите правила го одредуваат и нивото на бучавата на одредени играчки и музички иструменти. Освен тоа, кадифените мечиња за деца помлади од три години ќе мора да бидат соодветни за перење, бидејќи преку нечистите играчки се шират разни болести, меѓу кои и алергиите и се влошуваат симптомите кај астмачните деца.

loading...
Сподели