Бадемот дава сила

Бадемот е многу богат со маснотии, но е од голема корист за срцето. Тие ги надминуваат другите јаткасти плодови, бидејќи се богати со монозаситени масни киселини, кои го уништуваат холестеролот и со тоа пружаат заштита од срцеви заболувања.

Исто така, тој е богат со витамин Е, кој е уште еден заштитник на срцето. Во себе содржат многу калциум, така што, од 30 грама бадеми се обезбедуваат 10 отсто дневна доза од овој минерал.

Монозаситените масни киселини го одржуваат холестеролот под контрола, витаминот Е помага во спречување на акумулација на маснотии во артериите, а калциумот допринесува коските да бидат здрави и  цврсти, ја регулираат работата на срцето и го нормализираат крвниот притисок.

Бадемите се богат извор на антиоксиданси, витамин Е, магнезиум, калциум, растителни влакна и протеини.

Порано се сметало дека овој јаткаст плод содржи многу маснотии, за да би бил здрав за грицкање, но сега се знае дека 90 отсто од ова овошје го сочинуваат незаситени маснотии, при што е многу корисен за диети и за губење на вишокот килограми.

Бадемот дава чувство на ситост. Незаситените маснотии  го намалуваат нивото на лошиот холестерол, а за да се постигне тоа,  доволно е да се изедат по два бадема дневно. Истата количина од овие јаткасти плодови ќе ви помогне и за намалување на високиот крвен притисок.

Тој е богат со минерали кои се посебно важни за здрави коски – калциум, магнезиум, манган, фосфор и затоа е многу добар за превенција од остеопороза.

 

Advertisement