Бабин рецепт – домашен мелем за лекување на рани

Овој универзален мелем за рани би требало да го поседува секое домаќинство. Мелемот ефикасно лекува различни површински рани.

Потребни состојки:

  • 100гр маст
  • 4 средни главици кромид
  • 1/3 бебешки сапун
  • 50 гр борова смола
  • 30 гр пчелин восок

Подготовка:

На водена пара се топи и се остава да зоврие 100 грама свинска маст. Сомелете 4 средни главици кромид, додадете ги во маста и варете на слаб оган околу 6-7 минути, а при тоа постојано мешајте со дрвена лаживца.

После тоа додадете 1/3 рендан бебешки сапун, 50 гр борова смола, 30 гр пчелин восок, и варете на слаб оган уште 20 минути, при што продолжувате без престан да мешате.

Смесата се прецедува со помош на дупла газа додека е врела. Мелемот се чува во стаклен сад, на темно и студено место. Нанесете од мелемот на болното место, покријте со газа и залепете со фластер.

Ова се прави навечер пред легнување и  треба да отстои во текот на ноќта, а наутро се менува со нова облога поставена на истиот начин. Оваа постапка се повторува се додека раната не зарасне.

Advertisement