Иако ги прифаќаме зачините како второстепени состојки кои само го подобруваат вкусот на храната, да не заборавиме дека дел од нив се навистина лек за многу болести.

Голем дел од кујнските зачини навистина имаат лековити својства. Еве дел од нив.

Циметот се користи кај дијабетес, габи и кардиоваскуларни болести

Циметот делува превентивно против кардиоваскуларните болести и против дијабетес. Според најновите истражувања направени од американски научници, циметот може да го намали нивото на шеќерот во крвта за 20%. Покрај тоа, циметот може да ги уништи габичните инфекции или да го спречи нивниот раст.

Ловоров лист за подобро варење

Ловоров лист е одличен антисептик, кој помага при проблеми со стомакот и се користи за подобрување на варењето.

Се препорачува во месната исхрана, бидејќи содржи ензими кои ќе го подобрат варењето.

Чилито ја стимулира циркулацијата

Чилито или чили пипер ја подобрува циркулацијата, делува стимулативно на организмот, го намалува крвниот притисок, го намалува холестеролот и е одличен за луѓе кои планираат да ослабат за некој килограм.

Црниот пипер помага во ревматизам

Црниот пипер го подобрува варењето, а според многу истражувања ги уништува и бактериите во храната, кои можат да предизвикаат болести или моментални болки. Одличен е за луѓе кои страдаат од ревматски заболувања, и имаат бактерицидно дејство, а го штити и видот.