Зрелите плодови на аронијата содржат големо количесто на хранливи и лековити состојки. Богати се со витамини како А, Ц, Б6, Б2, Б9, Е и бетакаротен, а исто така и витамини П. Содржи и минерали како калциум, манган, железо, јод, фосфор,калај и молибден.

Аронијата (Aronia melanocarоa), претставува грмушка која расте до 2 метра во висина. Нејзините плодови се ситни, мали, темносини бобинки, собрани во гроздови од по 10 – 15 бобинки. Наликува на боровница. Потекнува од Северна Америка, од каде што дошла во Европа.

Аронијата е овошје кое има извонредни лековити својства, а древните Индијанци го користело за приготовка на многу разни лекови и други состојки кои секојдневно ги употребувале. Според најновите истражувања, аронијата е одлична во справувањето со слободните радикали во организмот.

Црните топчиња полни со лековит нектар, налик на боровница, со благо-киселкаст вкус сличен на дренка и невообичаена арома која потсетува на онаа на рибизлите, се вистинска витаминска бомба. Ја јакнат потенцијата, го лекуваат срцето, го регулираат крвниот притисок, ги закрепнуваат крвните садови, го топат холестеролот, ја спречуваат појавата на атеросклероза.

Аронијата има три врсти на плодови:

  • Црноплодна аронија (aronia melanocarpa)
  • Црвеноплодна аронија (aronia arbotifulia)
  • Лилавоплодна аронија (aronia prunifolia)

Кај нас може да се пронајде темноцрвената аронија (Aronia arbutifolia), виолетовата аронија (Aronia prunifolia) но и Сибирската црна аронија, претежно во места каде што се одгледува расте во насади.

Аронијата може да се користи и како храна и како лек

Плодовите на Аронијата содржат каротен кој ги штити клетките од оштетувања, го подобрува видот,спречува појава на катаракта. Аронијата исто така штити од UV зрачење, има способност да на себе ги врзува тешките метали и радиоактивни елементи и го овозможува нивното излачување од организмот.

Вредноста на аронијата

Зрелите плодови на аронијата содржат големо количество биофеноли, танин, флавонид, антоцијани. Изворот на витамини е огромен почнувајќи од витаминот А, Ц, Р, Б9, Б6, Б2, Е заедно со минералите како калциум, калај, железо, манган, јод, фосфор. Ваквата содржина е доволен доказ дека зборуваме за вистинска витаминска бомба.

Глава – ја подобрува циркулацијата на крв во крвните жили на главата и помага при главоболка и мигрена.

Ендокрини жлезди – придонесува за подобра работа на штитната жлезда, го подобрува и го регулира излачувањето на нејзините хормони, затоа е одлична за лекувањето од гушавост.

Крв и крвни садови – ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот крвен притисок, го намалува шеќерот во крвта и помага кај воспалени и проширени вени.

Желудник – ги намалува болките и грчевите во желудникот, особено е добар за сите што страдаат од чир на желудник.

Црева – освен што ги смирува болките и грчевите на цревата, одлична е за запирање на проливот.

Панкреас – ја подобрува неговата работа и излачувањето на жолчката. Му помага на панкреасот во неутрализирањето на штетните материи.

Напивката од кората на билката пак го намалува крвниот притисок.

Исто така се верува дека билката помага при рак и штити од радијација при работа со компјутери и професии поврзани со зрачење.

Како се употребува

Може да се користат свежи, во чаеви, во житарици, како додаток во кремови за палачинки, слатки пити, како сок или да се приготват како џем. Се користат и суви, а и замрзнати плодови.

Сокот од овошје на аронија ја подобрува циркулацијата, дејствува детоксично и антисептично, има благопријатно дејство врз тироидната жлезда, го намалува нивото на холестерол во крвта, има диуретичен ефект, а поради високата содржина на витамини аронијата е идеална билка за зголемување на имунитетот.

Плодот од аронијата може да се употребува како:

  • свежо овошје – права витаминска бомба
  • сушено овошје – во кекси, мусли, во јогурт и слично.
  • чај од ливчињата
  • компот
  • сок од аронија – 100% природен и здрав
  • мармалад од аронија
  • вино од аронија.

Најздравите квалитети на аронијата се задржуваат и при изработка на слатко, вино и ликер.

Сподели