ambiciozni roditeli

Кога седите во друштво со жени, особено со мајки, неизбежна е темата околу вашите деца. Многу често разговорите се сведуваат на фалби за разни достигнувања, па малите често пати се опишуваат како чудо од деца .Соодветно на тоа, децата одат на илјада и една вонучилишна активност, за еден ден да бидат конкурентни на пазарот, па повеќето денови итаат меѓу обврските, под изговор дека тие го сакаат тоа.

А, кога ќе можат да си играат? е прашањето што треба да се наметне. Игрите за децата не преставуваат само забава, релаксирање и извор на задоволство, туку и темелна потреба. Да нема забуни, покрај училиштето, децата треба да имаат и дополнителна активност(спорт, музика, јазик….), бидејќи тоа ќе им помогне да научат подобро да располагаат со времето.

Инвестирањето во знаењето е животен капитал, нема никакво сомнение за тоа, но денешните деца поминуваат премалку време во безгрижни игри на кои се сеќаваат повеќето возрасни. За ова не е виновна само модерната технологија, туку и преамбициозните родители, кои откако ќе ги завршат своите работни обврски, наместо да прошетаат со децата, да се дружат со пријателите, да одат во парк, на сладолед…. времето го трошат препушајќи им го образованието на своите малечки.

Сподели