Ако наутро се разбудите со отечени очи и лице, наједноставно решение вие е, да направите маска од кисела зелка и компир.

Добро исцедете ја зелката и помешајте ја со изрендан компир. Легнете и ставете ја оваа смеса на очите и образите. Останете така 15 минути. Потоа исперете ја маската со ладна вода и истрлајте го лицето со коцки од заледен црн или зелен чај (не е на одмет да ги имате во секое време).

Доколку лицето вие е отечено од некоја повреда, на смесата од кисела зелка и компир, додадете глина која ја има во апотеките. Набргу отоците ќе ги снема. Поентата на оваа маска се темели на тоа што, компирот и зелката содржат пектин, кои се природни адсорбенси.

Тие ја впиваат не само течноста, туку и токсините. После користењето на оваа маска, кожата ќе ви биде сјајна и многу убава. Глината, која пак треба да ја користите доколку имате отоци на лицето, ќе делува како катализатор.

Advertisement