Сите многу добро сме запознаени за важноста на калциумот, кога станува збор за коските.

Тој е минерал кој го чува здравјето на нашите коски, го одржува здравјето на срцето, ги зацврстува мускулите и нервите и забите. Поради тоа, консумирањето на доволно количество на калциум е особено важно за правилното функционирање на целиот организам.

Доколку ви се појави некој од следниве симптоми, многу веројатно е дека имате недостаток на калциум:

  • Болки во зглобовите и лесно кршливи коски;
  • Кршливи нокти;
  • Проблеми со спиењето;
  • Грчеви во мускулите;
  • Егзема
  • Вкочанетост во нозете и рацете.
  • Ако не се лекува, недостатокот на калциум може да доведе до остеопороза.

Остеопорозата е заболување на коскениот систем, кое води до намалување на еластичноста на коските и појава на скршеници.