Ако имаш мачнини во текот на бременоста, ќе родиш гениј

Мајките што манифестираат гадење во текот на бременоста раѓаат поинтелигентни деца отколку трудниците без мачнина, откриле научниците од детска болница во Торонто. Педијатарот д-р Гидеон Корен вели дека колку е поинтензивна оваа непријатност, толку резултатите се подобри, односно толку детето е поинтелигентно. Тој смета дека јачината на гадењето индиректно укажува на брзиот развој на мозочните структури.
trudni zeni
Во истражувањето биле опфатени 121 трудница, кои биле поделени во 3 групи. Во едната група се наоѓале трудниците без мачнини во текот на бременоста, во втората оние со мачнина, но кои не земале лекови за нејзино ублажување или спречување, а третата група ја сочинувале трудници кои земале лекови за ублажување на симптомите од гадење.
На крајот било откриено дека децата чии мајки имале мачнина, а не земале лекови, покажале подобри резултати на тест за интелигенција. Децата на мајките од другите две групи покажале слични  резултати. Тестирањето направено помеѓу третата и седмата година покажало дека и децата чии мајки манифестирале гадење се поздрави кога се работи за вонредни срцеви болести и болести на крвните садови.

Advertisement