Ајдучката трева -лек за многу болести

ajducka treva10
Ајдучката трева е самоникната лековита билка која е добро позната меѓу народот. Нејзините стебла се едноставни или при врвот разгранети. Листовите се долгнавести, влакнести, перјести и исечени на многубројни тесни сегменти. Таа има ситни главчиња кои што се збиени во сложени цветови со ароматичен мирис и горчлив вкус. За време на цутењето од мај до јуни се собираат цветовите и горниот дел од билката.

Отсечените делови се врзуваат во китки и се сушат во проветрени места. Вака добиениот сув лек има ароматичен мирис и по малку горчлив и малку солен вкус. Бидејќи стеблото не содржи лековити состојки, подобро е да се употребуваат само листот и цветот. Поради тоа билката со поголемо стебло е помалку ценета. Сувата билка се пакува во вреќи од јута или во картонски кутии и се чува заштитена од светлост една и пол година.

Оваа билка доста се користи и во медицината, како кај нас така и во Европа. Затоа нејзините состојки се добро прочуени. Ајдучката трева има свои состојки како што се етерично масло (до 0.2%), флавоноиди и танини. Оваа лековита билка се користи за подобрување на апетитот, при тешко варење на храната, кај жолчни тегоби, гастроинтестинални грчеви, болни или инцфициентни менструации.

Таа исто така, може да се користи за надворешно измивање на истиот принцип како што се користи камилицата, во купки како додаток и облоги. Ајдучката трева своето име го добила од народната медицина бидејќи се употребувала како хемостиптик за рани. Поради големото количество горчливи материи и етерично масло, ајдучката трева се вбројуваа во горчливите лекови. Се користи во облик на чај за подобрување на апетитот, при желудочни тегоби, надуеност и тешко варење.   Поради огромното присуство на витамин Ц се дава при крвавење и хемороиди.

Advertisement