Дали страдате од дегенеративни болести? Дали ви кажале дека “сѐ тоа е само во вашата глава”? Тоа можеби и не е толку далеку од вистината … бидејќи причината за болеста е во вашата уста.

Постои вообичаена стоматолошка процедура за која секој стоматолог ќе ви каже дека е сосема безбедна, иако научниците предупредуваат за нејзинита опасност повеќе од 100 години, според worldtruth.tv.

Каква стоматолошка процедура е во прашање?

Се работи за отстранување на нерв. Забите од кои се извлечени нервите суштински се “мртви” заби кои можат да бидат собиралиште за високо токсични анаеробни бактерии. Тие под одредени услови можат да дојдат до крвотокот и да предизвикаат голем број на сериозни болести. Многу од овие отровни заби можат да дејствуваат сосема здраво со години, поради што тешко може да се открие потеклото на заболувањето.

За жал, многу заболекари ги занемаруваат сериозните ризици на кои се изложуваат пациентите за време на овие постапки. Сепак, многу стоматолози треба да се запознаат со работата на д-р Вестон. Тој е еден од стоматолозите кој ја открил врската помеѓу постапката на екстракција на нервите и системските заболувања. Тој денеска се смета за еден од најдобрите стоматолози на своето време. Но, за жал, неговата работа сѐ уште е потисната од медицинските и стоматолошките стручњаци.

Д-р Вестон патувал по светот проучувајќи ги забите, коските и исхраната на различните групи луѓе кои не уживаат во “придобивките” на модерната храна. Вестон, околу 1900 година, се обидувал да ги излечи инфекциите на нервите и се сомневал кога сфатил дека нервите остануваат заразени и покрај нивниот третман.

Тој еден ден ѝ предложил на својата жената, која била во инвалидска количка шест години, да ѝ го извади забот, иако тој бил здрав. Таа се согласила, а тој го извадил забот и го вградил под кожата на еден зајак. Зајакот развил ист артритис со кој се соочувала неговата сопруга и починал од инфекција 10 дена подоцна. Меѓутоа, жената оздравела и почнала да оди, без употреба на стап.

Д-р Вестон открил дека механички е невозможно да се стерилизира заб на кој му е изваден нервот. Потоа докажал дека многу хронични дегенеративни болести кои потекнуваат од заразените заби без нерв од кои најчесто се срцеви и циркулаторни болести. Открил силна поврзаност меѓу забите со извадени нерви и болестите на зглобовите, мозокот и нервниот систем.

Тогаш Д-р Вестон, во 1922 година, напишал две одлични книги за неговото истражување. За жал, неговата работа била заташкана 70 години, додека Џорџ Мејнинг конечно не ја открил вистината.

Д-р Мејнинг бил капетан на американската армија за време на Втората светска војна, пред да се пресели во Холивуд и стане стоматолог на познати личности. Подоцна тој е еден од основачите на Американската асоцијација на Ендодонтисти (специјалисти за забните нерви). Тој во деведесеттите години од минатиот век 18 месеци ја проучувал работата на Д-р Вестон Прајс. Дури објавил и книга 1993 година за прикривање на стоматолошките процедури за вадење на нерви.

Што тоа стоматолозите не знаат за анатомијата на забите?

Забите се направени од најцврстата супстанца во нашето тело. Во средината на секој заб се наоѓа забна празнина и во неа пулпа која ги поврзува крвните садови и нервите. Околу забната празнина се наоѓа дентинот, кој е составен од живи клетки кои лачат тешка минерална супстанца. Надворешниот дел на забот се нарекува енамел и тој е опкружен со дентинот.

Корените на секој заб допираат до вилиците и остануваат на своето место благодарение на пародонталниот лигамент. Стоматолозите во училиште учат дека секој заб има 1-4 поголеми канали. Сепак, постојат еден куп канали што воопшто не се споменати.

Секој заб има еден лавиринт од мали цевчиња кои, ако се одвиткаат, би имале должина од неколку километри. Д-р Вестон Прајс идентификувал 75 посебни пристапни канали во еден централен резец. Микроскопските организми редовно се движат во и околу овие цевки како кртот во подземните тунели.

Кога стоматологот ја врши операцијата на отстранување на нервите, тој ќе го дупне забот, а потоа празнината ќе ја пополни со супстанца која го прекинува снабдувањето на крв до забот, така што таа повеќе не може да циркулира низ него. Сепак, лавиринтот од цевки и понатаму останува таму, а бактериите, кои веќе немаат свој извор на храна, се кријат во овие тунели, каде што се безбедни од антибиотици и имуни од одбраната на организмот.

Причини за многу болести

Поради недостаток на кислород и хранливи материи, овие порано пријателски настроени организми се трансформираат во посилни, повеќе вирулентни анаероби кои произведуваат голем број на токсини. Ниту една форма на стерилизација не е ефикасна доволно за да се реши овој проблем. Инфекцијата често се проширува до вилицата, каде што создаваат кавитација или пукнатини.

Кавитацијата се места на незалечени коски кои често преставуваат жариште на инфекции и гангрени. Тие понекогаш се создаваат по вадење на забот, но се појавуваат по отстранување на забниот нерв. Сето ова се случува со многу малку симптоми, доколку воопшто ги има. Можно да имате загноен мртов заб, а вие не знаете. Сепак, ова не е крај на вашите маки.

Може да дојде до болести на срцето, бубрезите, коските и мозокот

Сѐ додека вашиот имунолошки систем е силен, било која бактерија ако се одалечи од инфицираниот заб ќе биде уништена. Меѓутоа, ако вашиот имунолошки систем е ослабен поради болест или повреда, тој не ќе може повеќе да ја контролира инфекцијата. Овие бактерии, тогаш може да влезат во блиските ткива и да завршат во крвотокот, каде што ќе се пренесат на нова локација, било да се тоа ткива или органи.

Д-р Вестон Прајс успеал да ја пренесе болеста од луѓето на зајаци така што уфрлал делови од забите на кои им биле извадени нервите. Тој открил дека со вметнувањето на заб од лицето кое неодамна имало срцев удар во зајак предизвикува срцев удар во зајакот за неколку недели.

Речиси сите хронични дегенеративни заболувања се поврзани со оваа стоматолошка процедура, вклучувајќи:

  • Болести на срцето
  • Болести на бубрезите
  • Артритис, ревматски заболувања и болести на зглобовите
  • Невролошки болести (нпр. ALS)
  • Автоимуни заболувања (нпр. Lupus)

Се чини дека постои и врска со ракот

Д-р Роберт Џонс ја испитал поврзаноста помеѓу стоматолошката процедура за вадење на нерви и ракот на дојката и дошол до исклучителна висока корелација.

Ова се неговите заклучоци:

  • 93% од жените со рак на дојка биле подложни на операција на отстранување на нервите
  • 7% од нив страдале од други стоматолошки заболувања

Во повеќето случаи, туморите се создадени од истата страна од која е извршена стоматолошката операција

Д-р Џонс тврди дека токсините од бактериите во заразениот заб или вилицата се во можност да ги инхибираат протеините кои го намалуваат растот на туморите.

Германскиот лекар д-р Јозеф Иселс навел слични наоди, велејќи дека 97% од неговите пациенти болни од рак имале извадено забни нерви.

Ако овие лекари се во право, лекот за ракот е во тоа да се отстранат мртвите заби и воспостави стабилен имунолошки систем.

Мутант бактерии во вашата уста

На кој начин овие мутант бактерии од вашата уста се поврзани со болести? Бактериите денеска можат да се идентификуваат со ДНК анализа, без разлика дали тие се живи или мртви.

Во продолжение на Прајсовата работа, Фондацијата за токсични елементи ја искористиле ДНК анализата за да ги испитаат забите без нерви и откриени се бактериски инфекции во 100% од примероците. Идентификувани се 42 различни видови на анаеробни бактерии во 43 примероци.

Во шуплините беа идентификувани 67 различни видови на бактерии во 85 примероци.

Меѓу пронајдените бактерии се следниве:

  • Capnocytophaga ochracea
  • Fusobacterium nucleatum
  • Gemella morbillorum
  • Leptotrichia buccalis
  • Porphyromonas gingivalis

Дали се тоа само бенигни, вообичаени бактерии од устата? Апсолутно не. Четири од овие бактерии го напаѓаат срцето, три ги напаѓаат нервите, две ги напаѓаат бубрезите, две мозокот, а една може да ја инфицира синусната празнина. Значи, тие се сѐ, само бенигни не!

Уште 400% од бактериите се наоѓаат во крвта околу местото каде што некогаш бил забниот нерв во однос на самиот заб, што покажува дека забот е инкубатор, а периодонталниот лигамент е довод на храна.

Никогаш не било паметно да се остави нешто мртво во организмот

Ниту една друга медицинска постапка не подразбира да остави нешто мртво во организмот. Кога слепото црево ќе престане да функционира, тоа се отстранува. Во колку прстите ви се замрзнати или болни од гангрена, тие ќе бидат отстранети. Ако детето умре во матката, самиот организам предизвикува абортус.

На вашиот имунолошки систем не му се потребни мртви материи, а самото присуството на мртво ткиво може да предизвика компликации како што е случајот и со мртвите заби.

Инфекциите и автоимуните реакции на отфрлање се предизвикани од бактериите собрани околу мртвото ткиво. Во случај на отстранување на нервите, бактериите добиваат шанса да влезат во вашиот крвоток секогаш кога ви е слаб имунитетот.

Зошто стоматолозите продолжуваат да тврдат дека екстракцијата на забниот нерв е безбедна?

Иако се наведени голем број причини зошто овие стоматолошки процедури треба да бидат забранети, таа и понатаму не е забранета и предизвикува смрт на многу луѓе. Зошто? Објаснувањето е многу едноставно, во прашање е една од најпрофитабилните постапки во стоматологијата.

Како да се избегне оваа стоматолошка постапка?

Најдобро би било да не се изврши оваа постапка. Да се ризикува здравјето само колку да се зачувува еден заб едноставно нема смисла. Во колку веќе сте ја направиле оваа постапка, би било подобро да го отстраните забот, дури и ако сѐ е во ред.

Запомнете, штом вашиот имунолошки систем е ослабен, постои ризик дека ќе се разболите од сериозен здравствен проблем.

Во колку вадите заб достапни ви се неколку опции:

  • Делумна протеза: Во прашање е протеза која може да се извади и тоа е една од најлесните и најевтините опции.
  • Мост: Ова е постојана постапка која на некој начин го менува вистинскиот заб, но прилично е скап.
  • Имплантација: Тоа е вештачки, постојан заб, обично од титаниум, вграден во непцата и вилицата. Сепак, постојат некои проблеми кои можат да произлезат од користењето на овој метал во текот на оваа постапка. Денес почесто се користи циркониумот, бидејќи не предизвикува поголеми компликации.
    Сепак, не е доволно за да се отстрани само забот и да се стави вештачки.

Стоматолозите обично го отстрануваат забот, но го оставаат пародонталниот лигамент, кој може да служи како храна на бактериите. Многу експерти препорачуваат отстранување на лигаментите како би се намалил ризикот од инфекции.

loading...
Сподели