Вашата спална соба треба да биде вашето свето засолниште каде што можете да го најдете својот мир и да се одморите. Исчистете го нередот од вашата спална соба и вистински одморете се!

Меѓутоа, реалноста е малку поинаква, вашата спална соба се претворила во кралство во кое владее хаосотВреме е да се ослободите од овие седум работи кои не можете да ги најдете во спалните соби на успешните луѓе.

Сметки и други документи

За да создадете слатко и мирно засолниште каде што ќе можете да уживате, да се релаксирате и лесно да заспиете, сметките и друга документација поврзана со работата држете ги што подалеку од спалната соба.

Технологија

Единствената технологија која можете да си дозволите да ја зачувате во вашата спална соба е ЦД – плеерот за да можете да уживате и слатко да заспиете на прекрасната релаксирачка музика.

Ноќна масичка

Ноќната масичката е местото на која ги оставаме книгите, чашата со вода, документите, телефонот, ластичките за коса… и така до бескрај. Ако сакате чиста соба и средени мисли, можете да започнете со средување на ноќната масичка.

Стари кутии под креветот

Според Фенг Шуи не треба ништо да чувате под креветот. Просторот под креветот би требало да биде отворен, советуваат сите Фенг Шуи експерти, за енергијата рамномерно да циркулира низ целото ваше тело преку ноќта. Затоа, веднаш ослободете се од старите кутии кои ги чувате под креветот, затоа што тие создаваат конфузна енергија која несвесно се лепи за вас додека спиете. Просторот под креветот треба да биде празен и постојано чист.

Куп облека

Доколку денот треба да го започнете рано, подгответе си ја облеката претходната вечер, така што ќе го избегнете утринскиот неред. На овој начин ќе го избегнете хаосот и купот облека кој го оставате зад себе на креветот или на столчето и не заборавајте да ги ставите валканите алишта веднаш во корпата со валкана облека.

Стара козметика

Правилото е едноставно – местото на старата козметика и шминките кои веќе не ги употребувате не им е во вашата спална соба. Освен тоа што создаваат неред и хаос, тие развиваат бактерии кои се штетни за вашата кожа. Проверете си добро кои производи ги користите и најдете им соодветно место, а производите кои не сте ги искористиле подолго од 6 месеци, време е да се ослободите од нив.

Книги

Доколку книгата е вашиот најдобар пријател, можеби оваа помисла ќе ви биде незамислива. Но сепак, во спалната соба се препорачува да се чува само книгата која ја читате во моментот. Големиот број книги создаваат чувство на неред и собираат прашина. Местото на книгите е во „библиотеката“.

Сподели