Зелката против чир на желудникот!

zelka10Зелката е многу здрав и лековит зеленчук. Таа е позната како редовна исхрана во менито на секое семејство. Во летниот период се конзумира како салата, манџа и додаток во одредени јадења, додека во зимскиот период најчесто се јаде кисела зелка.

Таа содржи многу корисни витамини и минерали, а особено е богата со витамин Ц. Една шоља изрендана зелка ги задоволува дневните потреби на организмот за овој витамин, кој е јак антиоксиданс. Витаминот Ц го јакне имунолошкиот систем на организмот и се бори против слободните радикали, кои можат да доведат до оштетување на клетките и до појава на разни заболувања.

Витаминот Ц го успорува и старењето на кожата и ја зачувува нејзината еластичност. Одличен е и за лекување на заболувањата на црниот дроб. Освен витамин Ц, зелката содржи и многу калциум, калиум, железо, витамини од групата Б, бета каротин и други витамини и минерали.

Зелката делува благотворно при чирот на желудникот, најверојатно зајакнувајќи ја отпорноста на слузницата на желудникот. Таа содржи гефаркат, соединение кое се користи како лек против чир, како и соединение слично на карбеноксолон, уште еден, поретко користен лек за чир.

Всушност, овие состојки ги поттикнуваат клетките да формираат тенка бариера која има улога на „штит“ од нападите на желудечната киселина.
Нешто што не е познато за зелката е дека таа ја уништува бактеријата хеликобактер пилори, која е најголемиот виновник за појавата на чир на желудникот.

 

Advertisement