3 напивки што ги регулираат хормоните: Секоја жена мора да знае за овој лек

Кога мислите на хормоналното здравје, што ви паѓа прво на памет? Таблети? Не би требало, бидејќи постојат ефикасни природни средства. Темата на урамнотежено хормонско здравје со текот на годините станува сè поактуелна. На ред доаѓаат скапите лековите и бескрајните консултации со гинеколог.

Веднаш обидете се да ја спречите потребата за лекови што ги регулираат хормонските промени предизвикани од времето. Ова се три природни рецепти што го стабилизираат лачењето на хормоните…

Топла вода со лимон
Топлата вода со лимон придонесува за намалување на тежината, ги отстранува токсините од организмот, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и варењето. Причината е тоа што лимонот влијае врз хормонот за ситост – лептин. Доколку лептинот не е урамнотежен, телото почнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се одбегне дехидратација и го подобрува варењето.

Рецептот е многу едноставен: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте го наеднаш. Утрото ќе ви започне подобро со оваа напивка. Листовите од малина од дамнешни времиња се користат за зајакнување на мускулите на матката.

Научни истражувања имаат потврдено дека оваа билка благотворно дејствува на работата на хормоните. Жените што го пијат овој чај во текот на бременост, немаат никакви тешкотии при породувањето.

Рецептот исто така е едноставен: прелејте една супена лажица листови од малина (може да се користат и исушени) со 200 мл зовриена вода и оставете ги да отстојат 10 минути. Немојте да го пиете овој чај пред спиење, туку во текот на денот.

Златно млеко
Златното млеко го подобрува имунитетот и го доведува во рамнотежа нивото на хормоните во организмот. Оваа напивка загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувач, кои претставуваат корисна комбинација за регулирање на хормоните и благотворно влијаат врз организмот.

Ајурведата ја смета куркумата за активен зачин, кој ја подобрува циркулацијата и метаболизмот на естроген.

Рецепт: во 200 мл врело млеко додајте половина кафено лажиче куркума и лажиче кокосово масло. Можете да додадете и мед, по вкус. Оваа напивка најдобро е да се пие навечер.

Препорачуваме утрото да го започнете со топла вода со лимон, да пиете чај од малина во текот на денот, а пред спиење да се почестите со топло златно млеко.

Advertisement