Овој лек е пронајден во стар тибетски манастир и бил испишан на глинена плочка. Се претпоставува дека е запишан пред 2000 години, а се користи против триглицериди, холестерол и масните наслаги на крвните садови, како и за долг животен век.

Покрај тоа што успешно ги чисти крвните садови, овој тибетски лек ја зголемува еластичноста на крвните садови (спречува пукање на крвни садови, а со самото тоа и излив на крв), спречува инфаркт на срце, излив на мозок, го спречува настанувањето на тумор, го подобрува видот и го подмладува организмот.

Тибетски рецепт ( лук и лимон)

Подготовка: 300 грама лук и еден килограм лимон со кора, се мели ситно.

Ставете 1.5литри вода да се вари, потоа додадете го лимонот и лукот и поклопете го садот.  На мала температура оставете ги да се варат 14-15 минути. Потоа тргнете ги од оган и оставете ја смесата да се излади. Лекот треба да се стави и чува во тегли.

Овој лек се конзумира на празен стомак секое утро по 0.5dl од смесата во времетраење од 25 дена. Откако ќе завршите направете пауза од 10 дена, а потоа повторете ја постапката се додека не се подобри здравствената состојба.

Напомена:  Строго придржувајте се на дневната доза, како и на тоа да правите пауза од 10 дена помеѓу две дози. Оние кои што се здрави, а сепак сакаат да го конзумираат лекот заради подобрување на општата здравствена состојба не треба да го внесуваат лекот повеќе од 2 пати годишно.

Тибетски чај за долг живот

(Ѓумбир, лимон, мед, пиперка и ананас)

Сварете 2литри вода, а потоа оставете ја да се олади. Кога ќе биде ладна додадете 5 грама изрендан ѓумбир, 2 големи лажици сок од лимон, 2 големи лажици мед, малку лута пиперка и малку ананас.

Пијте по една голтка во текот на целиот ден или уште подобро, пијте по една чаша пред секој оброк.

loading...
Сподели