Драган Јованов ФИТОТЕРАПЕВТ

Асистент на Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси и безбедност на храна – МИТ Универзитет- Скопје

Драган Јованов е роден 29.09.1986 година во Скопје . Основното училиште го завршил во ОУ,,Браќа Миладиновци”  во Скопје . Учел во средното стручно училиште за ветеринарна медицина СОУ ,,Браќа Миладиновци”  во Скопје . Понатамошниот процес на образување го продолжил на  Факултетот за земјоделски науки и храна (Универзитет Св. Кирил и Методи) – Скопје. Магистерските студии ги завршил на Факултетот за земјоделски науки и храна  (Универзитет Св. Кирил и Методи) – Скопје. Во фаза на завршување е на докторските студии.

драган јованов

Како организатор и учесник на многу престижни семинари, меѓународни конференции, трибини и јавни настани, агрономијади, академии, обуки, конференции, спортски активности и проекти, се стекнал со големи академски достигнувања, искуство и епитет на иновативност во таа насока. Д.Јованов е добитник на многу дипломи , сертификати, благодарници, медали и општествени признанија за своите национални и интернационални достигнувања. Автор е на повеќе објавени меѓународни трудови, а како медиумски препознатлива личност во својата специјализирана област има пишувано негови статии за многу од домашните и странските списанија и портали .

Автор е на два универзитетски учебници, една енциклопедија, два атласи, еден прирачник и шест книги: Атлас на лековити растенија во Република Македонија (основен и напреден), македонска традиционална медицина, зачински лековити растенија, ароматични лековити растенија, лековити зачински и ароматични растенија, лечење со природни лековити билки (билни рецепти), нутриционизам. лековити растенија спорт и здрав живот, природни лековити, ароматични и зачински растенија, користење и нивна примена за подобрување на здраствената состојба на човекот,  природен доктор, исхрана и совети според крвната група и лекување со свежа билна храна.

Покрај конкретниве авторски дела , Драган Јованов како стручно, компетентно и реномирано  лице за својата специфична тематика пишува научни статии за македонски дневни весници, списанија и магазини . Како лице кое има знаење и истото знае соодветно да го пренесе, Јованов бил и сеуште е почесен гостин во речиси сите македонски емисии и национални телевизии .

Драган Јованов соработува со меѓународни институти во областа на алтернативната медицина, нутриционизам  и здравиот начин на живеење. Со што е познат и признаен како еден од најдобрите млади експерти на балканот за фитологија, фитотерапија , хербализам и земјоделски науки и храна. Еден експерт е успешен и класифициран како таков ако своето знаење  успее на соодветен начин да го пренесе на идните генерации , како и истото да го употреби за општо корисни, здравствени и едукативни цели.

Драган Јованов предава како на домашни, така и на меѓународни трибини, а мошне често е повикуван како почестен гостин со свое излагање на меѓународно реномирани конференции за здрав начин на живеење како нешто фундаментално и базично за човековата егзистенција. Д.Јованов земал активно учество на меѓународни трудови и конгреси во областа на фитологијата, фитотерапијата, екологијата, агробизнисот, микробиологијата на почвите и водите, земјоделието,  храната, обновливи извори на енергија, менаџмент на еколошки ресурси, агробизнисот, а на повеќето од нив  покрај тоа што земал активно учество исто така и пријавил меѓународни трудови. Учествувал на конгреси и симпозиуми за фармација и  балкански симпозиуми за хомеопатија.

драган јованов11.Mоже ли да ни кажете како го одржувате вашето здравје?

Моето здравје е нешто најбитно за мене. Одржувањето на моето здравје е на основа на здрави намирници, лековити растенија, витамини и минерали, спортување и др.

Што најчесто се храните и кое ви е омилено јадење?

Најчеста храна која ја конзумирам се овошјето, зеленчукот и јаткастите плодови, мое најомилено јадење е специјалитет со брокула.

На кој начин ја одржувате вашата линија?

Внимавам што внесувам во својот организам, често сум во движење и спортувам.

Дали вежбате и што најчесто?

ДА! Вежбам долго време, најпрво тренирав кошарка, но сега вежбам фитнес.

драган јовано3Сметате ли дека диетите придонесуваат за намалување на тежината или тоа го прави здравиот начин на живот?

Диетите и те како не се добри за намалување на телесната тежина. Мој совет е разноврсна, но балансирана исхрана. Под здрава исхрана се подразбира внесување на балансирано количество протеини, јаглехидрати, масти, витамини и минерали. Здравата исхрана се базира на внесување на поголеми количини протеини и јагленохидрати, а помалку масти. Во исхраната посебно е важен внесот на витамини  и минерали, кои ги има најмногу во свежото овошје и зеленчукот. Со здрава исхрана, како и со редовна физичка активност, ќе се намали и постепено вишокот телесна тежина, која е една од причинителите за повеќе малигни заболувања.

Како би ги советувале младите генерации да се грижат за нивното здравје?

Мој совет и апел до младите генерации е да не седат пред компјутерите премногу, што повеќе да спортуваат, да внимаваат каква храна конзумираат, да ги користат бенефитите од природата и што повеќе да се релаксираат за да би го смениле односот према стресот.

Од што се состои еден ваш дневен оброк?

Би споделил, наутро мојот оброк е 2 банани, и 100 грама јаткасти плодови (бадеми, ореви, лешници и др.

loading...
Сподели