Храната има клучна улога за да имате здрав живот. Но, некои производи се особено важни за работата на вашиот мозок.

Еве кои производи имаат супер моќи за мозокот и ја оптимизираат неговата работа.

1.Риба

Рибата има есенцијални омега-3 киселини кои се значајни за регулирање на функциите на мозокот. Овие киселини ја подобруваат комуникацијата помеѓу мозочните клетки.

2. Чили

Во 100 грама чили се содржат 144 милиграми витамин Ц, што е многу повеќе за разлика од други овошја и зеленчуци. Лутото го спречува оштетувањето на мозокот од од оксидативен стрес, со справување и елиминирање на слободните радикали.

3. Семки од тиква

Семките од тиква се центри на моќ од цинк кои ја зголемуваат меморијата. цинкот игра голема улога во целокупното здравје на мозокот. А неколку семки од тиква на ден спречува оштетувања на мозокот.

4. Брокула

Брокулата е супер храна за вашиот мозок. Таа е збогатена со витамин Ц, К и холин. Овие витамини се важни за одржување на здрави невротрансмитери, ви ја зголемува меморијата и ги одложува деменциите поврзани со стареењето.

5. Апетисани

Ореви, бадеми, кикирики, лешници и слично се добри масти кои помагаат во зајакнување на мозокот. Тие се полни со омега-3 масни киселини, омега-6 масни киселини, фолна киселина, витамин Е и витамин Б6. Овие плодови помагаат во одложување на губењето меморија на старост и обезбедува подобра циркулација.

6. Домати

Доматите се богати со антиоксидансот ликопен. Тој се бори против слободните радикали и ги елиминира од човечкото тело, со тоа спречува оштетувања на мозокот, поради оксидација

7. Какао

ДКакаото и темниото чоколадо се добри за вашиот мозок. Студиите покажуваат дека кафеавите зрна го спречуваат когнитивниот пад и појавата на деменцијата

8. Боровинки

Боровинките се богати со витамини и антиоксиданти кои го зајакнуваат мозокот. Овие плодови ја зголемува мемориската моќ, а нивните антиоксиданти го намалуваат оксидативниот стрес кој влијае на мозокот.

9. Семето

Ленот е богат со омега 3 масни киселини кои помагаат во производство и заштита на невроните. Редовната употреба на 1-2 лажички од ова семе на ден е од корист за подобрување на целокупното здравје на мозокот.

10. Јајца

Јајцата се богати со холин кој игра значајна улога во одржувањето на здрав мозок. Тие овозможуваат добра комуникација помеѓу невроните. Особено здрава е белката од јајцата.