Пивото е алкохолен пијалок кој често се пие, обично со одреден вид на храна, а најмногу се конзумира во Европа и САД.

Поради овие десет причини пивото е добро за здравјето и треба да го конзумирате:

1. Пивото ги одржува здрави бубрезите

Најновите студии покажале дека пивото навистина е добро за бубрезите и дека секоја испиена чаша или шише го намалува развојот на камења во бубрезите за 40 отсто.

2. Пивото го намалува лошиот холестерол

Влакната од пивото помагаат во крвта да се намали нивото на LDL холестеролот (т.н. лош холестерол).

3. Со пиењето на пиво се зголемува внесот на Б витамини (Б1, Б2, Б6 и Б12)

Истражувањата покажале дека луѓето кои пијат пиво имаат 30 отсто поголем удел на витамин Б6 во организмот од личностите кои воопшто не конзумираат пиво. Исто така, пивото е драгоцен извор на витамин Б12.

4. Пивото допринесува за цврстина на коските

Студиите покажале дека зголемениот удел на сицилиум во пивото придонесува за цврстина на коските.

5. Пивото е добро против несоница

Лактофлавинот и никотинската киселина, кои ги има во пивото, можат да помогнат при несоница.

6. Пивото ја намалува можноста од срцев удар

Според тврдењето на експертите, личностите кои пијат пиво имаат од 40 до 60 отсто помали шанси да добијат срцев удар во споредба со оние кои воопшто не конзумираат пиво.

7. Пивото спречува згрутчување на крвта

Експертите наведуваат дека состојките кои ги содржи пивото спречуваат згрутчување на крвта.

8. Пивото го подобрува помнењето

Неодамнешни студии покажале дека љубителите на пиво поретко имаат Алцхајмерова болест и деменција за разлика од луѓето кои не конзумираат пиво.

9. Пивото го намалува стресот

Група експерти од Универзитетот во Монтреал откриле дека конзумацијата на две чаши пиво го намалува стресот предизвикан од работата.

10. Пивото допринесува за убавина на косата и кожата

Експертите тврдат дека одредени витамини во пивото ја обновуваат кожата и ја намалуваат можноста за појава на хиперпигментациски дамки.

Advertisement